Свет

Русија ќе ги смета за легитимни цели сите странски воени контингенти во Украина

Русија ќе ги смета сите странски контингенти во Украина за легитимни цели, објави денеска руското Министерство за надворешни работи во врска со смртта на британски војник во Украина.

Русија ќе ги смета за легитимни цели сите странски воени контингенти во Украина

Русија ќе ги смета сите странски контингенти во Украина за легитимни цели, објави денеска руското Министерство за надворешни работи во врска со смртта на британски војник во Украина.

-Околу стотина британски војници учествуваат во борбени операции против Русија во зоната на специјални воени операции. По смртта на еден од нив, британската Влада повеќе не може да ја крие, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, пренесен од руските медиуми.

Првиот руски дипломат изјави дека Москва ќе ги извлече сите потребни заклучоци од, како што вели, „оваа најнова манифестација на вистинската природа на британскиот режим“.

-Сега сме принудени да го признаеме директното учество на британски воен персонал и специјални сили во војната против Русија. Откако еден од нив беше убиен, британската Влада повеќе не можеше да ги крие овие околности. Беше наведено дека меѓу оние што се борат против Руската Федерација има најмалку 100 британски државјани, рече Лавров за време на тркалезна маса за украинското решение.

Британското Министерство за одбрана пред два дена соопшти за смртта на британски војник во Украина додека набљудувал тестирање на оружје од страна на украинските вооружени сили.

Весникот „Сан“, повикувајќи се на извори, објави дека во несреќата со воздушната одбрана на Украина, покрај британскиот војник, загинбале и најмалку четворица украински војници.

Според весникот, починатиот британски војник служел во групата за поддршка на британските специјални сили и го тестирал системот за воздушна одбрана во Украина.

To top