Московски суд денеска ја отфрли жалбата на затворениот американски новинар Еван Гершкович, обвинет за шпионажа, против продолжувањето на неговиот притвор до 30 јуни.
„Првиот апелациски суд донесе одлука дека наредбата од 26 март 2024 година за продолжување на превентивната мерка треба да остане непроменета“, рече судијата на рочиштето. (МИА)