Свет ТАСС

Русија формираше координативен совет за воена безбедност во пограничните области

Во составот на координативниот совет влегуваат заменик-министри за одбрана, претставници на Генералштабот, како и раководителите на Белгородска, Брјанска и Курска област.

Русија формираше координативен совет за воена безбедност во пограничните области

Руското Министерство за одбрана формираше координативен совет за безбедност во пограничните области, предводен од министерот за одбрана, Андреј Белоусов, пренесе ТАСС.

„Со моја наредба, во Министерството за одбрана на Руската Федерација формиран е координативен совет за воена безбедност на пограничните области – Белгородска, Брјанска и Курска област. Целта е да се зголеми ефикасноста на поддршката на воените единици кои ги бранат државната граница, територијата и населението на овие региони“, изјави Белоусов.

Тој нагласи дека очекува точни и брзи извештаи од пограничните територии. Во составот на координативниот совет влегуваат заменик-министри за одбрана, претставници на Генералштабот, како и раководителите на Белгородска, Брјанска и Курска област. Советот ќе се состанува најмалку еднаш неделно.

Во меѓувреме, министерството соопшти дека Генералштабот и командата на Воената група „Север“ го задржуваат оперативното управување со војниците во граничната зона, а формираниот координативен совет не ги заменува.  (МИА)

To top