Свет извештај

Романски медиуми: Дрога и алкохол во крвта на возачот на минибусот со навивачите на ПАОК

Токсиколошките анализи спроведени од Институтот за судска медицина во Темишвар, потврдиле присуство на канабис, кокаин и алкохол во крвта на возачот на минибусот што во вторникот се судри со камион во Романија, а животот го загубија седуммина навивачи на грчкиот клуб ПАОК, изјавила за националната романска новинска агенција „АГЕРПРЕС“ портпаролка на Обвинителството во Судот во Лугој, јави дописничката на МИА од Атина.

Обвинителката Берта Константинеску, портпаролка на Обвинителството при Основниот суд во Лугој за новинската агенција посочила дека токсиколошкиот извештај потврдил „присуство на две психоактивни супстанции – канабис и кокаин во крвта на возачот“, а исто така, бил откриен и алкохол.

– Дополнително, во возилото беа пронајдени две кесички со супстанции за кои се претпоставува дека се психоактивни, но лабораториската потврда сè уште е во тек. Случајот го истражува Одделението за криминалистички истраги на општинската полиција во Лугој – Сообраќајна служба, под надзор на Обвинителството при Судот во Лугој, изјавила портпаролката за „АГЕРПРЕС“.

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Романија Богдан Деспеску, како што пренесе „Јуроњуз“ на романски јазик, изјавил дека во текот на истрагата биле идентификувани супстанции кои можно е да се забранети, но дека тоа е предмет на истрагата за да се утврди за какви супстанции станува збор.

Додал дека „за време на обдукцијата беше констатирано присуство на забранета супстанција“.

Во минибусот со капацитет 8+1 седишта се превезуваа десет лица, сите грчки државјани, навивачи на солунскиот фудбалски клуб ПАОК, кои преку Романија патувале кон Франција за денешниот натпревар со Лион.

Минибусот, од засега непознати причини при претекнување директно се судри со товарен камион од спротивната лента, при што седум лица загинаа, а тројца се повредени.

Двајца од повредните претпладнево со специјален авион беа вратени во Грција и хоспитализирани во солунска болница, додека пак третиот останува на лекување во Романија.

Вечерва, телата на загинатите со авион на грчкото воено воздухопловство беа пренесени во Солун, а навивачите на ПАОК организираа собир за да им оддадат почит.

To top