Џесика Морети, сопругата на сопственикот на клубот „Констелејшн“ во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана, денеска заедно со својот сопруг Жак, се соочи со роднините на жртвите пред канцеларијата на јавниот обвинител во Сион, каде што таа треба да биде испрашана во рамките на истрагата за пожарот во новогодишната ноќ во кој загинаа 41 лице.
Пристигнувањето на брачната двојка Морети предизвика тензии, додека членовите на семејствата на жртвите ги чекаа пред зградата, извикувајќи: „Ги убивте нашите деца“ и „Погледнете ме во очи“, пренесе „Фигаро“.
Адвокатите на обвинетите и обезбедувањето интервенираа за да ги разделат семејствата, новинарите и осомничените.