Свет

Рестриктивните мерки за граѓаните на Израел во сила до утревечер

Насоките забрануваат образовни активности на национално ниво и ги ограничуваат собирите на 1.000 луѓе.

Рестриктивните мерки за граѓаните на Израел во сила до утревечер

Командата на домашниот фронт на израелските безбедносни сили (ИДФ) соопшти дека ограничувањата за граѓаните издадени пред синоќешниот ирански напад со ракети и беспилотни летала ќе останат во сила до утре во 23 часот.

– По процена на ситуацијата, одбранбените насоки на Командата на домашниот фронт остануваат непроменети и важат, се наведува во соопштението.

Насоките забрануваат образовни активности на национално ниво и ги ограничуваат собирите на 1.000 луѓе.

Во некои области во близина на границите на Појасот Газа и Либан, веќе постојат построги ограничувања за собирање.

To top