Свет

„Репортери без граници“: Во 2023 година 45 новинари загинаа вршејќи ја својата работа

Минатата година, според податоците на таа невладина организација, 61 новинар бил убиен за време на работата.

„Репортери без граници“: Во 2023 година 45 новинари загинаа вршејќи ја својата работа

Во 2023 година, 45 новинари загинале вршејќи ја својата работа, се вели во годишниот извештај на „Репортери без граници“ (РСФ) објавен денеска. Иако 17 новинари ги загубија животите во октомврискиот конфликт меѓу Израел и Хамас, РСФ забележува најмалку смртни случаи од 2002 година.

Минатата година, според податоците на таа невладина организација, 61 новинар бил убиен за време на работата.

-Ова во никој случај не ја намалува трагедијата во Газа, но забележуваме пад, податоците се далеку од повеќе од 140 убиени новинари во 2012 година, потоа во 2013 година, главно поради војните во Сирија и Ирак, изјави генералниот секретар на РСФ, Кристоф Делоар.

Според последниот извештај на РСФ, објавен на 1 декември, значително помалку смртни случаи на новинари имало во Јужна Америка, каде што биле убиени шест новинари во 2023 година, во споредба со 26 во 2022 година.

Во Мексико, најсмртоносната област за новинарската професија по Газа, во 2023 година беа убиени четворица новинари во споредба со 11 претходната година. Од вкупно 84 исчезнати новинари, речиси секој трет е Мексиканец, велат од невладината организација.

To top