Буџетскиот дефицит на федералната влада на САД во декември минатата година достигна рекордна сума од 145 милијарди долари, покажуваат најновите податоци на американското Министерство за финансии.
Ова претставува зголемување од 67 отсто, односно 58 милијарди долари повеќе во споредба со истиот месец претходната година. Според извештајот, овој негативен тренд се должи на невообичаено високите трошоци предизвикани од промените во исплатата на социјална помош и термините за плаќање даноци.
И покрај декемврискиот рекорд, вкупниот буџетски дефицит за првиот квартал од фискалната 2026 година (кој започна на 1 октомври 2025 година) бележи пад од 15 отсто на годишно ниво. Во првите четири месеци од фискалната година, дефицитот се намалил за 109 милијарди долари и изнесува вкупно 602 милијарди долари.