Свет клучно е да нема оживеан терористички елемент

Регев: Израел има флексибилен повоен план за Газа

Повоениот план на Израел не е „постојана окупација“ на Газа, изјави Марк Регев, советник на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Регев: Израел има флексибилен повоен план за Газа

Во изјава за Си-Ен-Ен, тој рече дека Израел размислува за некоја пофлексибилна опција, која ќе овозможи влез и излез по потреба во енклавата, со цел да се решат безбедносните ситуации и да не се зборува за можна трајна окупација на Појасот Газа.

Запрашан да ја коментира изјавата на Нетанјаху за американските медиуми во понеделникот дека Израел ќе има „целосна безбедносна одговорност“ во Газа на „неопределен период“ по крајот на војната, Регев рече дека треба да се направи разлика помеѓу „безбедносно присуство и политичка контрола“.

„-Откако ова ќе заврши и ќе го победиме Хамас, клучно е да нема оживеан терористички елемент, оживеан Хамас. Нема смисла да се прави ова и само да се вратиме на почетокот, рече Регев.

Тој додаде дека е неопходно да има израелско безбедносно присуство, но дека тоа не значи дека Израел повторно ќе ја окупира Газа или дека ќе управува со енклавата.

-Напротив, ние сме заинтересирани за воспоставување нови рамки, каде што жителите на Газа ќе можат да организираат сопствена администрација, каде што ќе има меѓународна поддршка за обновата на Газа. Се надеваме дека ќе можеме да ги заинтересираме земјите, вклучително и арапските држави, во реконструкцијата на демилитаризираната Газа по Хамас, нагласи израелскиот претставник.

To top