Свет Русија

Путин: Во Украина се борат речиси 700.000 руски војници

Во декември минатата година рускиот претседател изјави дека војската вклучена во операцијата брои околу 617.000. 

Путин: Во Украина се борат речиси 700.000 руски војници

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на телевизија изјави дека речиси 700.000 руски воен персонал моментално учествуваат во офанзивата во Украина, пренесоа француските медиуми.

-Имаме речиси 700.000 луѓе (во областа на специјалната воена операција), рече Путин на телевизискиот состанок со војниците наградени за нивните воени подвизи.

Во декември минатата година рускиот претседател изјави дека војската вклучена во операцијата брои околу 617.000.  (МИА)

To top