Руската армија зазеде повеќе од 300 населени места во 2025 година, вклучувајќи ги и големите градови што Украина ги претвори во утврдени упоришта, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на проширената седница на колегиумот на руското Министерство за одбрана.
Тој нагласи дека руската армија ја зазеде и цврсто ја држи стратешката иницијатива по целата линија на фронтот.
-Русија има способност да го зголеми темпото на офанзивата по стратешките насоки во зоната СВО, нагласи рускиот претседател.
Путин додаде дека оваа година е важна фаза во решавањето на задачите на Специјалната воена операција.
Рускиот претседател, исто така, изјави дека системот „Орешник“ ќе биде ставен во борбена готовност до крајот на годината. Тој, исто така, истакна дека руските сили демонстрираат високо ниво на борбена готовност и обука во тешки услови, кога Киев, како што изјави, е поддржан од членките на НАТО.
Тој додаде дека тврдењата дека Русија наводно претставува закана за Европа не се точни.
-На луѓето во Европа им се всадува страв од наводно неизбежен конфликт со Русија, но тоа е лага и едноставно бесмислица, рече Путин.