Свет средба

Путин пристигна во Ашхабад, каде што ќе одржи голем број средби

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во главниот град на Туркменистан во дводневна посета.

Путин пристигна во Ашхабад, каде што ќе одржи голем број средби

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во главниот град на Туркменистан во дводневна посета.

Покрај учеството во настаните на форумот во чест на Меѓународната година на мирот и довербата, која ја прославува ОН, Путин има планирано голем број билатерални средби.

Кремљ веќе ги потврди разговорите со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, а иранската амбасада извести за плановите на претседателот на таа земја, Масуд Пезешкијан, да се сретне со рускиот лидер.

Во исто време, во Ашхабад, покрај домаќинот на форумот, туркменистанскиот претседател Сердар Бердимухамедов, ќе бидат присутни и претседателите на Ерменија, Ирак, Казахстан, Киргистан, Узбекистан, Таџикистан, како и премиерите на Азербејџан, Унгарија, Грузија и Пакистан.

To top