Борбите во Украина продолжуваат по истекот на Велигденскиот прекин на огнот, изјави во понеделникот рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека Москва е отворена за секоја мировна иницијатива и очекува сличен пристап од Киев.
Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето што Москва еднострано го прогласи за Велигден илјадници пати.
„Секогаш имаме позитивен став кон прекинот на огнот и затоа се одлучивме за оваа иницијатива, особено затоа што зборуваме за светлите денови на Велигден. Секогаш сме зборувале за ова, дека имаме позитивен став кон мировните иницијативи. Се надеваме дека истото ќе го мислат и претставниците на Киев“, рече Путин.
Путин имаше обраќање во националниот центар „Русија“, каде ги оцени резултатите од Велигденското примирје и посочи на некои од „злосторствата“ на вооружените сили на Украина извршени во тие 30 часа врз цивилното население, како во проруските региони под контрила на руската војска, така и во пограничните области на руска територија.
Според Путин, Русија треба да го анализира искуството од прогласувањето на овој прекин на огнот, истакнувајќи дека украинските сили го прекршиле примирјето „речиси пет илјади пати, но севкупно имаше намалување на активноста“.
Рускиот претседател рече и дека борбите се обновени, но дека Москва го кажала тоа од самиот почеток кога го објави прекинот на огнот, како и дека Москва секогаш искажува дека има „позитивен став“ кон мировните иницијативи.
Путин рече и дека руската страна се надева дека и украинската страна ќе има позитивен став кон мировните иницијативи, меѓутоа предупреди дека Киев се обидува да ја искористи иницијативата за прекин на огнот покрената во руско-американските разговори, но притоа ги критикуваше „западните куратори“ на украинските власти за кои посочи дека „можеа да го советуваат водството (во Киев) да не ја отфрла иницијативата за Велигденското примирје.
Вашингтон рече дека ќе го поздрави продолжувањето на прекинот на огнот, а украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано ја повторуваше подготвеноста на Украина да се согласи на 30-дневна пауза во нападите врз цивилната инфраструктура. Путин рече дека Русија мора внимателно да го проучи овој и сите други предлози.
Москва на идејата за 30-дневно прекин на огнот тогаш одговори дека таквото примирје без конкретен договор само ќе му даде време на Киев да ги прегрупира и своите единици кои од минатата есен се во дефанзивни операции а руската војска бавно но кунтинуирано напредува. Поради тоа, Русија рече дека таквото примирје мора да содржи одребда за забрана за испораки на вооружување во Украина, запирање на мобилизацијата, дислоцирање на единиците и престанок на обуката на украинските единици во странство.
Освен тоа, руската страна потсети дека Киев не ги почитуваше договорите од Минск од 2014 и 2015 година во тогаш граѓанската војна со одметнатите доминатно руски региони Доњецк и Луганск, и туе примирја ги користеше за вооружување и градења армија со неговите западни сојузници, што го потврдија и поранешната германска канцеларика Ангела Меркел и тогашниот француски претседател Франсоа Оланд.