Свет гвантанамо

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

Првиот авион со мигранти слета во заливот Гвантанамо како дел од кампањата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за сузбивање на илегалната имиграција.

Авион Ц-17 полета од Ел Пасо, Тексас, со десет мигранти, осомничени дека се членови на венецуелската банда Трен де Арагуа , јавува ABC News.

Според информациите од Одделот за домашна безбедност, мигрантите нема да бидат сместени со постоечки затвореници во Гвантанамо, а нивната заштита ќе биде обезбедена од Службата за имиграција и царина (ICE).

На 29 јануари, Трамп потпиша извршна наредба за проширување на капацитетот на Оперативниот центар за мигранти во заливот Гвантанамо за сместување на мигранти кои илегално се наоѓаат во САД.

Официјални лица најавија дека Гвантанамо може да прими до 30.000 мигранти , додека секретарот за одбрана Пит Хегсет рече дека најопасните криминалци, како што се членовите на Трен де Арагва, ќе бидат задржани во високобезбедносен објект.

To top