Симболичната прва доза ја прими малото девојче Даниела во Јаунде, главниот град на Камерун.
Секоја година во Африка од маларија умираат 600.000 лица, пресмета Светската здравствена организација (СЗО), а децата на возраст под пет години сочинуваат најмалку 80 отсто од смртните случаи.
Камерун воведе бесплатна вакцина за сите доенчиња до шест месеци, а потребни се вкупно четири дози.
Според американските научници, вакцината е ефикасна во 36 отсто од случаите, што значи дека треба да спаси најмалку еден од три животи.