Свет Полицијата откри

Пронајдено проштално писмо на масовниот убиец од Прага: Признал уште едно страшно злосторство

Тој убил млад татко и неговото двомесечно бебе една недела претходно, кога се шетале во шумата на периферијата на Прага. При увидот, полициските службеници покрај прошталното писмо го откриле и оружјето што мажот го користел.

Пронајдено проштално писмо на масовниот убиец од Прага: Признал уште едно страшно злосторство

Давид Козак (24) на чешкиот универзитет уби вкупно 14 лица, а рани 25 од нив, а сега е потврдено дека пред масакрот извршил уште едно страшно злосторство.

Козак, студент на Филозофскиот факултет во Прага, кој на 21 декември со пушка уби 14 студенти и професори, а потоа се самоуби, во прошталното писмо признал дека направил уште едно злосторство.

Тој убил млад татко и неговото двомесечно бебе една недела претходно, кога се шетале во шумата на периферијата на Прага. При увидот, полициските службеници покрај прошталното писмо го откриле и оружјето што мажот го користел.

-Во селото Хостоуњ во текот на истрагата е пронајдено проштално писмо во кое убиецот го признава убиството во шумата во населбата Клановице. Засега не можеме да кажеме што точно пишува во писмото, бидејќи истрагата е во тек, проверуваме низа настани и испрашуваме луѓе – изјави за Novinky.cz портпаролот на полицијата Јан Дањек.

За потсетување, началникот на чешката полиција Мартин Вондрашек веќе во четвртокот на 21 декември, односно неколку часа по масакрот на Филозофскиот факултет во Прага, изјави дека е „многу веројатно“ човекот да е одговорен и за двојното убиство на 32-годишен маж и неговата двомесечна ќерка.

Најнови вести од Свет

To top