Втората црна кутија е пронајдена на местото на авионската несреќа што се случи вчера во близина на градот Актау на западниот дел на Казахстан, изјави окружниот сообраќаен обвинител на Мангистау, Абилајбек Ордабаев.
-Во авионот се пронајдени две црни кутии. Тие ќе бидат предадени на одделот за истрага на воздушни несреќи, а потоа ќе бидат прегледани, рече тој на прес-конференција.
Според него, од повредените се земени изјави и се идентификувани сите сведоци, а се испитува и видеото од радио врската меѓу диспечерот и екипажот.