Свет

Продолжуваат протестите во Иран, а демонстрантите добија поддршка од Мосад

Во Иран продолжуваат протести поради девалвацијата на националната валута риалот и инфлацијата, а според локалните медиуми четворица студенти се приведени од Универзитетот во Техеран

Продолжуваат протестите во Иран, а демонстрантите добија поддршка од Мосад

Во Иран продолжуваат протести поради девалвацијата на националната валута риалот и инфлацијата, а според локалните медиуми четворица студенти се приведени од Универзитетот во Техеран.

Универзитетот во Техеран е опколен од полицијата, а студентите се блокирани во кампусот.

Протестите почнаа на 28 декември во Техеран кога трговците го изразија својот револт поради рекордно високата девалвација на домашната валута риалот во однос на американскиот долар и растечката инфлација. Според државниот Центар за статистика инфлацијата во декември изнесува 42,2 отсто. Цените на храната се зголемени за 72 проценти, а на лековите за 50 отсто.

Протестите се проширија и во други градови, а се приклучија и и студенти.

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан вети економски реформи и изрази подготвеност на дијалог, но демонстрантите го игнорира.

Генералниот обвинител на Иран, Мохамед Мовахеди Азад изјави дека економските протести се легитимни, но оти секој обид за создавање несигурност ќе биде пресретнат со „решителен одговор“.

– Мирните протести за егзистенција се дел од општествените и разбирливи реалности. Секој обид економските протести да се претворат во алатка за несигурност, уништување на јавен имот или спроведување на сценарија дизајнирани однадвор неизбежно ќе биде пресретнат со законски, пропорционален и решителен одговор, наведе Азад.

Демонстрантите во Иран добија поддршка од израелската разузнавачка служба Мосад.

Излезете заедно на улиците. Дојде време. Ние сме со вас. Не само од далечина или преку зборови. Ние сме со вас на терен, објави Мосад на платформата Икс.

To top