Свет Бангор

Приватен авион се урна американската сојузна држава Мејн

Аеродромот соопшти дека службите за итни случаи се на местото на настанот и дека е затворен по „инцидент со авион што полетувал од аеродромот“.

Приватен авион се урна американската сојузна држава Мејн

Приватен авион со осум луѓе синоќа се урна при полетувањето од Меѓународниот аеродром Бангор, во американската сојузна држава Мејн, соопшти Федералната управа за воздухопловство.

Авионот „Бомбардиер Челинџер 600“ (Bombardier Challenger 600) се урна околу 19 часот и 45 минути по локално време. Несреќата се случила кога Нова Англија, како и поголемиот дел од САД, се соочува со силна зимска бура.

Аеродромот соопшти дека службите за итни случаи се на местото на настанот и дека е затворен по „инцидент со авион што полетувал од аеродромот“.

Сè уште е непознато кон каде полетал авионот. Се претпоставува дека со авионот се превезувале пет лица, а другите биле членови на екипажот.

Меѓународниот аеродром Бангор е лоциран на околу 320 километри северно од Бостон и нуди директни летови до Орландо, Флорида, Вашингтон и Шарлот, Северна Каролина.

Поради зимската бура што ги погоди САД вчера се откажани повеќе од 11.000 летови, а речиси 5.500 доцнеле, во отежнати услови се одвива и копнениот сообраќај, а стотици илјади домаќинства се без електрична енергија. Аеродромите во Филаделфија, Вашингтон, Балтимор, Северна Каролина, Њујорк и Њу Џерси се меѓу најпогодените.

„Бомбардиер Челинџер 600“ е бизнис авион, кој може да превезува девет до 11 патници. Авионот е промовиран во 1980 година како прв приватен авион со „кабина за слободно движење“ и е популарна опција за чартер летови.

Најнови вести од Свет

To top