Поранешниот јужнокорејски министер за одбрана Ким Јонг-хјун, обвинет за водечка улога во неуспешното воведување воена состојба во земјата на 3 декември, се обиде да се самоубие во притворниот центар каде што се наоѓа, изјави висок претставник од Министерството за правда пред Паралментот.
-Неговиот обид за самоубиство беше неуспешен и тој сега е во стабилна состојба, изјави денеска пред пратениците генералниот комесар на Корејската служба за извршување затворски санкции, Ким Јонг-хе.
Ким Јонг-хјун беше приведен откако судот во Сеул одобри налог за негово апсење под обвинение дека играл клучна улога во конфликтот и ја злоупотребил својата моќ. Ким беше првата личност уапсена во врска со декретот за воена состојба од 3 декември.