Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека денеска ќе биде подложен на медицински преглед во воената болница во предградието на градот Мериленд.
Белата куќа најави дека подоцна денеска ќе објави писмено резиме за рутинскиот годишен медицински преглед на претседателот.
Како што јавуваат агенциите, резултатите од прегледот внимателно ќе се следат бидејќи 81-годишниот претседател бара реизбор на ноемвриските избори.
Медицинскиот преглед се врши додека демократот Бајден и 77-годишниот поранешен републикански претседател Доналд Трамп се подготвуваат да се соочат на претседателските избори на 5 ноември. Противкандидатката на Трамп во трката за републиканска претседателска номинација, 52-годишната Ники Хејли, рече дека и двајцата се премногу стари за повторно да влезат во Белата куќа и дека треба да подлежат на когнитивни тестови.
За време на минатогодишниот преглед на Бајден, лекарите објавија дека тој е здрав и „способен да ги исполни своите обврски“.