ЕУ треба да ја надмине „поларизацијата“ во својот земјоделско-прехранбен сектор преку дијалог, побара денеска шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, додека земјоделците во неколку земји протестираат поради зголемените трошоци, а блокот се подготвува за изборите за Европскиот парламент во јуни.
-Сите го имаме истото чувство на итност дека работите мора да се подобрат“, рече Фон дер Лајен на отворањет на стратешкиот дијалог за тоа како да се балансираат поплаките на земјоделците со зелената транзиција во Европа, пренесува Гардијан.
-Мислам дека сите чувствуваме дека има зголемена поделба и поларизација кога станува збор за теми релевантни и поврзани со земјоделството. И јас сум длабоко убедена дека можеме да ја надминеме оваа поларизација што сите ја чувствуваме само преку дијалог.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска го започна Стратешкиот дијалог за иднината на земјоделството – нов форум со мандат да обликува заедничка визија за иднината на системот за земјоделство и храна на ЕУ.
Стратешкиот дијалог, објавен од претседателката во нејзиното обраќање за состојбата на Унијата во 2023 година, ќе се осврне на предизвиците и можностите што ги покренаа учесниците на дијалогот, како што се правичниот животен стандард за земјоделците и руралните заедници, поддршката на земјоделството во границите на нашата планетата и нејзините екосистеми, искористувајќи ги огромните можности што ги нудат знаењето и технолошките иновации и промовирајќи просперитетна иднина за системот за храна на ЕУ во конкурентен свет. (МИА)