Свет

Премиерот на Австралија најави парламентарни избори за 3 мај

Лабуристите ја заменија тогашната многу непопуларна конзервативна влада на Скот Морисон.

Премиерот на Австралија најави парламентарни избори за 3 мај

Австралискиот премиер Ентони Албанезе распиша парламентарни избори за 3 мај, а гласањето ќе биде во заднината на несогласувањата за климатските промени, нуклеарната енергија и пазарот за недвижнини.

По речиси десет години во опозиција, централно-левичарската Лабуристичка партија на Ентони Албанезе дојде на власт во мај 2022 година со тесно мнозинство од 77 од вкупно 151 пратеници во Долниот дом на австралискиот Парламент и 40 од 76 претставници во Сенатот.

Лабуристите ја заменија тогашната многу непопуларна конзервативна влада на Скот Морисон. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top