Гувернерот на Јужна Каролина Хенри Мекмастер прогласи вонредна состојба во американската сојузна држава поради повеќе од 175 пожари кои досега изгореа 1.711 хектари земја.
Противпожарните екипи напредуваа во контролирањето на пожарот во областа Каролина Форест, западно од крајбрежното одморалиште Миртл Бич, каде на жителите им беше наредено да се евакуираат неколку населби, соопшти пожарникарската служба на округот Хори.
Шумарската комисија на Јужна Каролина вчеравечер процени дека пожарот изгорел 6,5 квадратни километри вегетација, а дотогаш 30 отсто од пожарот биле ставени под контрола.