Пожар во една од најголемите термоелектрани во југозападна Русија денеска предизвика прекин на работењето на две постројки и краток прекин на испораката на енергија за потрошувачите, објави регионалниот гувернер Василиј Голубев на апликацијата Телеграм.
Тој посочува дека нема жртви и властите ги истражуваат причините за пожарот во електраната Новочеркаск во Ростов.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите сили уништиле 11 беспилотни летала лансирани во текот на ноќта над Ростов од Украина, која се граничи со регионот, но не соопшти дали има штета.
Но, информативниот канал База Телеграм, кој е близок до руските полициски сили, соопшти дека пожарот во објектот бил предизвикан од украински беспилотни летала. (МИА)