Најавеното повлекување на американскиот претседател Џо Бајден од претседателската трка се очекува да биде главна тема на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на Европска Унија.
Главни теми на денешната редовна средба на министрите за надворешни работи се конфликтите во Украина и на Блискиот Исток, но историската одлука на Бајден најверојатно ќе доминира во преговорите во Брисел.
Односите меѓу ЕУ и САД се влошија за време на првиот мандат на Доналд Трамп, а во ЕУ има загриженост дека неговиот втор мандат ќе има големи последици за војната во Украина, глобалната трговија и европската безбедност воопшто.
Но, не сите земји-членки ја споделуваат загриженост, со оглед на моменталната политичка промена на десно, како што беше потврдено на изборите за Европскиот парламент на почетокот од минатиот месец.