Поради шумските пожари што избувнаа во Викторија на југоистокот на Австралија на 22 февруари, властите повикаа да се евакуираат околу 30.000 луѓе.
Властите соопштија дека неконтролираните шумски пожари достигнале „катастрофално“ ниво и дека околу 30.000 луѓе кои живеат во западниот дел на земјата веднаш треба да ја напуштат областа.
Веб-страницата „VicEmergency“, која обезбедува информации за итни случаи и предупредувања, исто така предупреди дека пожарите би можеле да се прошират и патиштата да бидат затворени.
Според властите, шумските пожар што избувнаа на 22 февруари се прошириле и на североистокот поради влијанието на ветрот. Тие предупредија дека населените места низ регионот се во опасност од пожар, а повеќе од 19.500 хектари земја е претворена во пепел од избувнувањето на пожарот.
Австралиското биро за метеорологија исто така нагласи дека прогнозираат топло и ветровито време, што може да предизвика ширење на пожарите. (МИА)