Свет

Повеќе од половина Американци немаат доверба во владата, судскиот систем и медиумите

Значајно е намалена довербата на Американците кон нивните владини институции, и овој резултат е послаб од нивото на сличната доверба во мнозинство земји од клубот Г7, се дознава од неодамна објавената годишна анкета на Галуп.

Приближно 68 отсто од Американците немаат доверба кон својата влада. Додека довербата кон судскиот систем е на уште пониско ниво и изнесува 42 отсто.

Дури и американските вооружени сили, традиционално популарен институт, се судираат со намалена доверба од јавноста – од 90 отсто во 2021 до 81 отсто лани.

Во Г-7 членови се најразвиените демократии: Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД.

Исто така, мнозинство од Американците сметаат дека владата троши премногу за вооружените сили на земјата. Околу 35 отсто сметаат дека расходите за ова се преголеми, 29 отсто сметаат дека се премали, додека 33 отсто сметаат дека се оптимални.

Се намалува и довербата кон црковните организации. Лани, 30 отсто од Американците изразиле „многу слаба“ доверба кон вие институции, што највисок резултат откако Галуп започнал да го поставува ова прашање во 1973 година.

Ерозија на довербата се случува и кон медиумите. Повеќе од 40 отсто од испитаниците изјавиле дека имаат многу ниска доверба, посебно кон весниците и телевизијата. кб/

To top