Свет растеретување на затвори

Повеќе од 30 затвореници по грешка ослободени од затвор во Велика Британија

Петмина затвореници се уште не се вратени во затвор, но повеќето се вратени во притвор.

Повеќе од 30 затвореници по грешка ослободени од затвор во Велика Британија

Повеќе од 30 затвореници по грешка се ослободени од затвор во Велика Британија како дел од владиниот план за растеретување на затворите.

Извор од Министерството за правда изјави дека на 10 септември по грешка биле пуштени 37 лица, бидејќи нивните прекршоци биле погрешно евидентирани, јави Скај њуз.

Петмина затвореници се уште не се вратени во затвор, но повеќето се вратени во притвор.

Околу 1.700 затвореници беа ослободени од затворите низ Англија и Велс на 10 септември во обид да се олесни пренатрупаноста на затворите, а речиси исто толку ќе бидат ослободени во октомври.

To top