Министерството за здравство во Зимбабве денеска соопшти дека во таа земја се регистрирани над осум илјади случаи на колера, додека од февруари 152 починале од таа болест.
Епидемијата на колера низ Зимбабве изминатиот месец се прошири поттикната од лошите санитарни услови во сиромашните градови и населби во главниот град Хараре.
Земјата регистрираше повеќе од 500 случаи неделно во ноември, што е најголем број од февруари, објави Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
-Колера сега е регистрирана во сите десет провинции во земјата, изјави министерот за здравство Даглас Момбешора.
Епидемијата во Зимбабве се шири од урбаните во руралните области, ставајќи во опасност повеќе од десет милиони луѓе, вклучително и пет милиони деца, соопшти Црвениот крст. Во соопштението се наведува дека главни причинители на епидемијата се лошата хигиена. (МИА)