Свет

Потврдено: Уапсениот млад човек бил поврзан со планирање напад за време на Олимписките игри

Потврдено: Уапсениот млад човек бил поврзан со планирање напад за време на Олимписките игри

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен денеска потврди дека 18-годишниот маж кој вчера беше уапсен, е поврзан со наводното планирање напад за време на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

-Утврдено е дека тоа лице (уапсениот млад човек) сакало да изврши напади за време на ОИ, рече министерот и додаде дека тоа е четврти план за напад што француските служби го осуетиле, јави француската ТВ БФМ.

Француската антитерористичка полиција потврди дека 18-годишник е уапсен во департманот Жиронд во југозападна Франција, бидејќи планирал да изврши еден или повеќе напади, но не соопшти дека има каква било врска со ОИ.

Најнови вести од Свет

To top