Свет фатална грешка

ПОСЛЕДНА СНИМКА: Падобранецот Иван (35) на 3.200 метри сфатил дека нема падобран, го снимал падот

ПОСЛЕДНА СНИМКА: Падобранецот Иван (35) на 3.200 метри сфатил дека нема падобран, го снимал падот

Искусен падобранец со стотици успешни скокови почина на 2 април 1988 година, по бизарна грешка, а приказната сега повторно се актуелизира на социјалните мрежи.

Иван Мекгваер (35) од Илиноис, добил задача да ги снима учесниците на курсот за падобранство и нивниот инструктор во Спортскиот центар во округот Франклин, не знаејќи дека тоа ќе биде неговиот последен момент.

На судбоносниот ден, тој имал два успешни скока, а третиот пат авионот се искачи на висина од 3.200 метри. Учениците и инструкторот скокнале први, а по нив и Иван.

Камерата го снимила моментот кога ги отвораат своите падобрани и почнуваат да се спуштаат на земја. Но, потоа Иван почнува да се однесува збунувачки, а причината е ужасна.

Сфатил дека заборавил да го стави на себе падобранот!

Падобранецот имал над 800 скокови, но на тој 2 април направи фатална грешка. Паѓал кон земјата со голема брзина, без начин да забави, а телото подоцна било пронајдено во пошумена област недалеку од пистата.

На снимката може се слушаат последните зборови на Иван, а откако сфатил дека нема падобран на грб: „О, Боже, не“.

Истражителите подоцна рекоа дека опремата што ја користел за снимање можеби го збунила и затоа не облекол падобран пред да скокне. Самоубиство било исклучено како опција, а пилотот бил испрашуван.

На крајот, било заклучено дека Иван го заборавил падобранот и дека „трагичен пропуст“ довел до трагедијата.

To top