Свет иран

Поранешниот шеф на иранската дипломатија повика на сеопфатен мировен договор со САД

Продолжените непријателства ќе доведат до уште поголеми загуби на скапоцени човечки животи и незаменливи ресурси, без всушност да се промени постојниот ќор-сокак“, нагласи Зариф

Поранешниот шеф на иранската дипломатија повика на сеопфатен мировен договор со САД

Поранешниот шеф на иранската дипломатија, Мохамед Џавад Зариф, повика на „сеопфатен мировен договор“ со САД – објави ДПА.

Во статија објавена во списанието „Форин афеарс“, Зариф нагласи дека главниот конфликт мора да се реши за да се обезбеди сеопфатен мировен договор, а не потенцијално нестабилно примирје.

Двете земји, напиша тој, треба „да ја искористат оваа катастрофа како можност да се стави крај на 47-годишното непријателство“.

САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари. Оттогаш десетици врвни ирански воени и политички личности се убиени, вклучувајќи го и поранешниот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи. Иран одговори со ракетни напади врз Израел и арапските држави во Персискиот Залив, а неговата војска практично го блокира бродскиот сообраќај во Ормуската Теснина со напади и закани, што доведе до пораст на цените на нафтата.

Брз крај на војната сè уште не е на повидок.

„Продолжените непријателства ќе доведат до уште поголеми загуби на скапоцени човечки животи и незаменливи ресурси, без всушност да се промени постојниот ќор-сокак“, нагласи Зариф, кој беше министер за надворешни работи на Иран од 2013 до 2021 година.

To top