Поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пинера денеска загина во хеликоптерска несреќа на југот на земјата, јави локалниот весник „Терцера“, повикувајќи се на владини извори.
Весникот наведе дека во хеликоптерот имало четири лица, а тројца се повредени.
Чилеанската национална агенција за катастрофи СЕНАПРАД потврди дека хеликоптер се урнал во јужниот град Лаго Ранко, при што едно лице загинало, а три други се повредени. (МИА)