Свет сад

Поради Олимпијадата и изборите во 2028, Тајната служба на САД се проширува за 20 отсто

Тајната служба на САД започна една од најамбициозните кампањи за регрутирање во својата историја, со цел да вработи илјадници нови агенти и офицери, објави весникот „Вашингтон пост“.

Мерката има за цел да го намали оптоварувањето на вработените и да ја подготви агенцијата за клучните настани во 2028 година, вклучувајќи ги претседателските избори во САД и Летните олимписки игри во Лос Анџелес.

Раководството на службата планира да ангажира околу 4.000 нововработени до 2028 година. Со ова, вкупната бројка на вработени првпат би надминала 10.000 луѓе, што е зголемување за околу 20 отсто. Планот предвидува бројот на специјални агенти да порасне од 3.500 на приближно 5.000, додека униформираната дивизија би се проширила на 2.000 припадници.

Според „Вашингтон пост“, зголемувањето на кадарот ќе и овозможи на службата помалку да се потпира на други агенции при обезбедувањето на високоризични настани. Недоволната координација беше посочена како клучен фактор за безбедносниот пропуст во 2024 година, при обидот за атентат врз Доналд Трамп во Батлер, Пенсилванија.

Иако процедурите за вработување се забрзани, од раководството нагласуваат дека стандардите за избор нема да бидат намалени.

To top