Свет

Поплавен северот на Италија по обилните дождови

Професорот Марко Марани, експерт за ефектите од климатските промени од Универзитетот во Падова, за весникот „Кориере дел Венето“ изјави дека „екстремните настани стануваат се почести и ќе се интензивираат со зголемувањето на глобалното затоплување“.

Поплавен северот на Италија по обилните дождови

Невремето и обилните дождови предизвикаа поплави во многу делови на северна Италија, а особено беа погодени градовите Падова и Виченца, јави Би-Би-Си.

Службите за итни случаи користат гумени чамци за да ги спасат луѓето од нивните домови.

Гувернерот на провинцијата Венето го опиша времето во текот на ноќта како „водена бомба“.

Југот на Италија се соочува со топлотен бран невообичаен за овој период од годината, а на Сицилија се забележани температури до 35 Целзиусови степени.

Професорот Марко Марани, експерт за ефектите од климатските промени од Универзитетот во Падова, за весникот „Кориере дел Венето“ изјави дека „екстремните настани стануваат се почести и ќе се интензивираат со зголемувањето на глобалното затоплување“.

Бреговите на реката Мусон деи Саси во областа Падова попуштија поради обилните врнежи од дожд во раните утрински часови, кои предизвикаа поплави.

Товарен воз во градот Борго Мантовано во провинцијата Ломбардија бил превртен од налетите на ветерот со брзина меѓу 150 и 200 километри на час.

Локалниот лидер Алберто Борсари на социјалните мрежи напиша дека „многу улици и подруми се поплавени“ и дека ситуацијата е „навистина тешка“.

„За среќа, никој не е повреден“, додаде тој.

Дожд до 130 милиметри падна во еден ден во Милано, што предизвика поројни поплави. Очевидци велат дека таков интензитет на дожд не бил забележан во мај повеќе од 170 години.

Властите за цивилна заштита прогласија црвена тревога во Венето до 14 часот, особено меѓу Виченца и Верона, каде што реките надобија по 70 милиметри дожд за 30 минути.

Едно лице е исчезнато во реонот на градот Комо по уривањето на мал мост.

Во исто време, многу суви услови се забележани на островот Сардинија, кој веќе се соочува со уште една лоша сезона за локалните земјоделци на пченица, кои очекуваат половина од нивниот нормален род поради недостиг на вода.

Ограничувања за користење на водата се очекуваат на то подрачје и подоцна во текот на летото.

Професорот Марани рече дека „има силни научни докази“ дека екстремните временски услови стануваат се почести, додавајќи дека пресметките за одбрана од поплави „треба да се ревидираат за да се разбере реалниот ризик со кој се соочуваме“.

„Климатските промени мора да бидат ставени под контрола“, додаде тој.

Во април, Европската климатска агенција Коперник и Светската метеоролошка организација ја истакнаа потребата од заштита од поплави, како и итна акција за борба против ефектите од климатските промени. паг/

To top