Свет Осомничениот е ставен во притвор

Полска уапси осомничен белоруски агент

„Тој собирал информации, ги евидентирал и им ги пренесувал на своите ментори во Белорусија и Русија“, рече Јацек Добжински, портпарол на координаторот на полските разузнавачки служби.

Полска уапси осомничен белоруски агент

Полската разузнавачка агенција уапси осомничен агент обвинет за вршење шпионажа, соопштија денеска властите, пренесе ДПА.

Белоруски државјанин во раните 40-ти години бил уапсен на почетокот на февруари, соопшти Агенцијата за внатрешна безбедност –АБВ (ABW).

Истражителите тврдат дека од јуни 2024 година собирал разузнавачки информации за белоруските разузнавачки служби за воени објекти и критична инфраструктура во Полска, Германија и Литванија, додава германската агенција.

„Тој собирал информации, ги евидентирал и им ги пренесувал на своите ментори во Белорусија и Русија“, рече Јацек Добжински, портпарол на координаторот на полските разузнавачки служби.

Неговите наводни извидувачки напори во Германија биле фокусирале првенствено на цели на северот од земјата, каде тој престојувал само неколку дена, наведува полската разузнавчка служба.

Апсењето на шпионот е резултат на соработка со германските и литванските разузнавачки агенции, посочува полското разузнавање .

Осомничениот е ставен во притвор првично за период од три месеци. Доколку биде осуден, тој се соочува со минимална затворска казна од пет години.

Полска е еден од клучните политички и воени поддржувачи на Украина во нејзината војна против Русија. Владата во Варшава ги обвини разузнавачките служби на Русија и нејзиниот сојузник Белорусија за испраќање бројни агенти во земјата и регрутирање саботери.

Според Добжински, во четирите години од руската инвазија врз Украина во Полска се приведеби 92 осомничени лица под обвинение за шпионажа или саботажа, вклучувајќи руски, белоруски, украински и полски државјани, потсетува ДПА.  (МИА)

To top