Свет Навални беше остар критичар на Кремљ

Почина рускиот опозиционер Алексеј Навални

Почина рускиот опозиционер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални, соопшти затворската служба на регионот Јамало-Ненецки, каде што Навални ослужуваше затворска казна.

Почина рускиот опозиционер Алексеј Навални

Во поправната колонија број 3, осуденикот А. А. Навални се чувствувал лошо по прошетката и речиси веднаш ја изгубил свеста, се вели во соопштението на веб-страницата на затворот.

Се додава дека веднаш пристигнале медицинските работници на установата и дека „повикана е Итна помош“.

„Извршени се сите потребни реанимации, но не дадоа позитивни резултати. Лекарите од итната помош констатирале смрт на осуденото лице. Се утврдуваат причините за смртта”, се вели во соопштението на Федералната служба за извршување на кривични санкции.

Навални беше познат како остар критичар на Кремљ.

Тој отслужуваше 30-годишна затворска казна за наводен екстремизам, како и голем број други обвиненија. Беше уапсен на 17 јануари 2021 година по враќањето во Русија од Германија, каде што се лекуваше од последиците од наводното труење. За труењето беше обвинет Кремљ, кој негираше вмешаност.

To top