Свет

Почина и третото дете кое беше избодено со нож во Саутпорт

Почина и третото дете кое беше избодено со нож во Саутпорт

Британската полиција денеска потврди дека уште едно дете кое беше рането во напад со нож во градот Саутпорт во Англија, им подлегна на повредите, со што бројот на деца-жртви се зголеми на три.

По нападот со нож во училиште за танц во Саутпорт осум деца беа повредени, а пет се во критична состојба. Повредени се и двајца возрасни кои исто така се во критична состојба, соопштија официјални претставници.

„Деветгодишно девојче почина рано изутрината во болница“, соопшти полицијата, пренесе Скај њуз.

To top