Првата дама на САД, Џил Бајден, телефонски разговараше со својата претходничка Меланија Трамп, сопругата на поранешниот претседател Доналд Трамп, објави Ен-би-си Њуз, повикувајќи се на неименуван претставник на Белата куќа.
Како што е наведено, Џил Бајден разговарала со Меланија Трамп во неделата попладне.
Разговорот уследи по обидот за атентат врз Трамп во саботата за време на неговиот предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија, кога Трамп беше полесно повреден.
Вооружениот напаѓач, 20-годишниот Томас Метју Крукс и најмалку еден од учесниците на митингот беа убиени, а уште две лица кои присуствуваа на собирот беа тешко повредени.