Свет КОНСУЛТАЦИИ

По изјавата на Санчез: Израел го повика шпанскиот амбасадор

-Терористичката организација Хамас е таа што врши воени злосторства и злосторства против човештвото, израелските граѓани и граѓаните на Газа, посочи Коен. 

По изјавата на Санчез: Израел го повика шпанскиот амбасадор

Израел го повика на консултации шпанскиот амбасадор откако премиерот на Шпанија, Педро Санчез, кој изјави дека се сомнева оти Израел го почитува меѓународното право во Појасот Газа.

-Израел дејствува и ќе продолжи да дејствува во согласност со меѓународното право и ние ќе продолжиме со војната до ослободување на заложниците и елиминација на Хамас во Газа, изјави шефот на израелската дипломатија Ели Коен.

Тој додаде дека Хамас, кој изврши масакри на 7 октомври, е одговорен за ситуацијата во Газа.

-Терористичката организација Хамас е таа што врши воени злосторства и злосторства против човештвото, израелските граѓани и граѓаните на Газа, посочи Коен.  (МИА)

To top