Свет

Пловидбата низ Ормуската Теснина под контрола на Иран, осигурувањето драстично поскапе

Премиите за осигурување од воен ризик повеќекратно пораснаа по ескалацијата на 28 февруари. Дејвид Ослер, уредник за финансии во „Лојдс лист“ (Lloyd’s List), појаснува дека пред судирите премиите изнесувале од 0,15 до 0,25 отсто од вредноста на бродот, а сега понудите достигнуваат до 5 или дури 10 отсто. За голем танкер за сурова нафта вреден речиси 100 милиони долари, ова може да значи и неколку милиони евра дополнителни трошоци за само едно преминување.

Пловидбата низ Ормуската Теснина под контрола на Иран, осигурувањето драстично поскапе

Бродовите што пловат низ Ормуската Теснина сè почесто мора да го усогласуваат својот премин со иранските власти, а растечките ризици и наглиот скок на трошоците за осигурување ги менуваат правилата на сообраќајот во овој клучен воден пат. Пристапот за многу пловила веќе не е загарантиран, а одлуките за патување сега зависат од процената на безбедносните закани, трошоците и координацијата.

Тајланд неделава објави дека еден негов танкер поминал низ Теснината по разговорите со иранските власти, а друго пловило сè уште чека одобрување, пишува „Евроњуз“.

Премиите за осигурување од воен ризик повеќекратно пораснаа по ескалацијата на 28 февруари. Дејвид Ослер, уредник за финансии во „Лојдс лист“ (Lloyd’s List), појаснува дека пред судирите премиите изнесувале од 0,15 до 0,25 отсто од вредноста на бродот, а сега понудите достигнуваат до 5 или дури 10 отсто. За голем танкер за сурова нафта вреден речиси 100 милиони долари, ова може да значи и неколку милиони евра дополнителни трошоци за само едно преминување.

Поради зголемените ризици, некои компании целосно ја избегнуваат Теснината, истакнува поморскиот експерт Мустафа Зехаф. Алтернативите се малку – нафтоводите преку Саудиска Арабија или Обединетите Арапски Емирати може да го заобиколат Ормус, но поголемиот дел од извозот и понатаму зависи од овој морски пат.

Енергетскиот аналитичар Бил Фарен-Прајс предупредува дека продолжувањето на оваа ситуација ќе предизвика шок во снабдувањето на глобалните пазари додавајќи дека не постои реално воено решение, а „сценариото за Армагедон“ е сè поблиску.

Теми на денот

To top