Свет средба

Пленковиќ и Мерц: ЕУ не смее да го запостави Југоистокот на Европа

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска во Загреб разговараа за проширувањето на Европската Унија, при што Пленковиќ истакна дека земјите од Југоисточна Европа не смеат да бидат запоставени ниту изложени на влијанието на „други глобални актери“.

Пленковиќ и Мерц одржаа билатерална средба на маргините на неформалниот состанок на Европската народна партија (ЕПП), кој вчера и денеска се одржа во хрватската престолнина.

„Разговаравме за иднината на процесот на проширување на ЕУ и за обезбедување европска перспектива за земјите од Југоисточна Европа – регион кој Европската Унија не смее да го запостави, ниту да го остави изложен на влијанието на други глобални актери“, напиша Пленковиќ на платформата Икс.

Иако хрватскиот премиер не ги наведе конкретно, се оценува дека одолговлекувањето на процесот на пристапување би можело да ги направи Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија поранливи на влијанијата од Русија и Кина, посочува Хина.

Пленковиќ нагласи дека Хрватска и Германија продолжуваат да ја зајакнуваат и одбранбената соработка, особено во контекст на неодамна потпишаниот договор за испорака на 44 тенка „Леопард 2А8“.

Тој потсети дека во декември беше во посета на Берлин, кога хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ, во присуство на Пленковиќ и Мерц, го потпиша договорот за набавка на тенковите.

„Се осврнавме и на прашањата за заштита на границите и спречување на нелегалните миграции, во што хрватската и германската полиција успешно соработуваат“, додаде Пленковиќ.

To top