Свет Германија

Писториус предлага нов модел за воен рок

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус предлага нов модел на воен рок, со кој се надева дека во првата година ќе привлече 20000 доброволци

Писториус предлага нов модел за воен рок

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус предлага нов модел на воен рок, со кој се надева дека во првата година ќе привлече 20000 доброволци.

Тој испрати писмо до пратениците од владејачките партии во кое го образложува својот план. Писториус е убеден во успехот на својот „престижен проект‘.

Во писмото, Писториус истакнува дека планира „значајна и привлечна служба“, што е негова „јасна посветеност и цел“. Планирана е евалуација на моделот за летото 2027 година, со цел да се направат промени доколку е потребно.

Целта од 20.000 доброволци се смета за многу амбициозна, минатата година малку повеќе од 12.000 мажи и жени аплицирале за доброволна воена служба, а Писториус планираше бројката да достигне 15.000 учесници до крајот на 2025 година. Новиот модел на воена служба треба да биде попривлечен за младите од претходниот, првенствено преку подобра финансиска компензација, но и поатрактивна програма за служба.

Германија уште минатата година најави дека е можно да го врати задолжителниот воен рок ако не се пријави доволен број луѓе, кои доброволни би се придружиле на армијата.

Во Германија задолжителниот воен рок е укинат во 2011 година, но поради „заканата од Русија“ се размислува за негово враќање. Исто така НАТО побара од Берлин значително да ги прошири воените сили.

To top