Свет

Писториус: Изјавите на Макрон не помагаат да се реши проблемот во Украина

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус ја критикуваше изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон со која ги повикува сојузниците да престанат да бидат кукавици кога е во прашање помошта за Украина, како и неговата изјава за испраќање војници во зоната на конфликтот, пишува „Тагешау“.

Писториус: Изјавите на Макрон не помагаат да се реши проблемот во Украина

„Од моја гледна точка, не треба да дебатираме за испраќање копнени сили или поголема или помала храброст. Мора да се фокусираме на најголемите проблеми – ефикасно и брзо зголемување на индустриското производство, на пример, муниција за артилерија и системи за противвоздушна одбрана“, посочи германскиот министер.

Контроверзноста предложена од Макрон не помага да се решат проблемите со кои се соочува Западот со поддршка на Украина, рече Писториус.

Ден претходно, на средбата со француските емигранти кои живеат во Прага, Макрон, зборувајќи за конфликтот во Украина, рече дека е дојдено време тие да ја зголемат поддршката за Киев и да не бидат кукавици.

На почетокот на минатата недела во Париз се одржа конференција за поддршка на режимот во Киев, свикана на иницијатива на францускиот лидер, на која присуствуваа лидерите на десетина земји, меѓу кои Германија, Велика Британија, Полска, Данска и Холандија. По средбата, Макрон ја навести можноста за испраќање западни трупи во Украина, а за тоа се соочи со критики од бројни западни сојузници.

Макрон вети и дека Франција ќе направи се за да ја спречи Русија „да победи во оваа војна“.

Најнови вести од Свет

To top