Свет Ен-Би-Си Њуз

Пезешкијан: Никогаш немавме намера да го убиеме Доналд Трамп

На прашањето дали Иран е подготвен да вети дека нема да има обиди за атентат врз Трамп, Пазешкијан рече дека Иран никогаш не се обидел и никогаш нема да го направи.

Пезешкијан: Никогаш немавме намера да го убиеме Доналд Трамп

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека земјата никогаш не планирала да го убие новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Во изјава за Ен-Би-Си Њуз тој ги негираше тврдењата на самиот Трамп и американското Министерство за правда изнесени за време на изборната кампања дека имало заговор на иранската елита за убиство на Трамп.

-Никогаш не сме се обиделе да го направиме тоа и никогаш нема да го направиме. Ова е уште една од оние шеми што Израел и други земји ја осмислуваат за да промовираат иранофобија. Иран никогаш не се обидел или планирал да убие некого. Барем колку што знам, изјави Пезешкијан.

На прашањето дали Иран е подготвен да вети дека нема да има обиди за атентат врз Трамп, Пазешкијан рече дека Иран никогаш не се обидел и никогаш нема да го направи.

Трамп, кој победи на минатогодишните избори во САД и ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, преживеа два обиди за атентат за време на кампањата – еден во септември додека играше голф на својот домашен терен во Вест Палм Бич, Флорида и друг во јули на митинг во Пенсилванија.

Инспекторите не пронајдоа докази дека Иран бил вклучен во овие обиди. (МИА)

To top