Свет

Пезешкијан: Иран е отворен за проверка за да докаже дека нема нуклеарна бомба

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека се надева оти САД нема да им поверуваат на гласините дека Иран има нуклеарна бомба, како и дека е отворен за „проверка“ за да го докаже тоа.

Кабинетот на иранскиот претседател соопшти и дека Пезешкијан рекол дека Иран „не бара нуклеарно оружје“.

– Нека проверат на кој било начин што ќе го изберат, ние сме подготвени. Истовремено, нема да се согласиме на напуштање на мирновременската нуклеарна индустрија, која е потребна за медицински, земјоделски и индустриски цели, рече Пезешкијан.

Тој, откако денеска во Женева завршија преговорите со американската делегација за иранската нуклеарна програма, рече дека се надева оти САД ќе сфатат зошто Иран спроведува нуклеарни активности.

– Се надевам дека целиот свет и САД знаат за ова и дека нема да веруваат во гласините за нуклеарна бомба. Ние апсолутно не тежнееме кон нуклеарно оружје. Ако некој сака да го потврди ова, отворени сме за таква проверка, заклучи Пезешкијан.

По американско-иранските преговори за иранското нуклеарно оружје, кои денеска се одржаа во Женева, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека е постигнат напредок и додаде дека Техеран и Вашингтон ќе работат на нацрти кои би можеле да бидат основа за можен договор.

To top