Најмалку пет лица загинаа во голем пожар што зафати повеќекатна зграда во Карачи, во јужен Пакистан,во кој изгореа стотици продавници и станови, соопштија пакистанската полиција и спасувачите, пренесе ДПА.
Пожарот избувна во продавница во приземјето на зградата и ја зафати целата градба, изјави за ДПА полицискиот началник Јасир Амер.
Најмалку 67 семејства, вклучувајќи и стотици жени и деца се евакуирани од зградата во операција што траеше неколку часа, рече претставникот на спасувачките служби Иршад Бугти.
Се уште не се знае причина за смртоносниот пожар, што е втор во градот за помалку од две недели, рече Амер, пренесе ДПА. (МИА)