Пет лица загинаа синоќа откако се урна хеликоптер на највисоката африканска планина Килиманџаро, Танзанија.
Несреќата се случила на една од најпопуларните планинарски патеки, а хеликоптерот што се урна бил во спасувачка мисија, при што загинаа двајца странски туристи, локален лекар, туристички водич и пилот.
Несреќата се случила помеѓу кампот Барафу на планината и врвот Кимбо на надморска височина од над 4.000 метри.
Танзиската управа за цивилно воздухопловство денеска соопшти дела почнала истрага во согласност со меѓународните безбедносни прописи за да се утврдат околностите и веројатната причина за несреќата.