„Министерот Остин ги осуди нападите на Хутите врз меѓународниот поморски превоз и глобалната трговија, нарекувајќи ги без преседан и неприфатливи и истакна дека нападите го загрозуваат слободниот проток на трговијата“, рече портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пат Рајдер.
Во меѓувреме, Хутите изјавија дека ќе продолжат со нападите во Црвеното Море и дека таму би можеле да вршат операција приближно на секои 12 часа. Групата ги засили нападите со ракети и беспилотни летала, кои ги започна минатиот месец против меѓународни бродови како одговор на операцијата на Израел во Појасот Газа.